Додик: САД не ги избраа функционерите на Република Српска, па нема ниту да ги сменат

од Nikola Popovski
326 прегледи

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик изјави дека Соединетите Американски Држави не ги избрале функционерите на Република Српска, па затоа нема ниту да ги сменат.

САД мислат дека на овој начин можат да го дисциплинираат секој што не размислува како нив, рече Додик, реагирајќи на одлуката на САД да стават четворица функционери на РС на „црната листа“.

Додик го оцени како „непотребно“ воведувањето американски санкции за српската членка на Претседателството на БиХ Жељка Цвијановиќ, премиерот на РС Радован Вишковиќ, претседателот на Народното собрание Ненад Стевандиќ и министерот за правда на РС Милош Букејловиќ.

Санкциите ја покажуваат и немоќта на една голема глобална сила како што се САД. Без разлика на се, сакаат да го санкционираат овој народ, бидејќи ние сме претставници на народот. Сакаат да не сменат, да дојде некој кој ќе молчи, ќе клима и ќе одобрува, рече Додик, пренесе Радио-телевизија РС (РТРС).

Тој додал дека РС нема да се откаже од својата политика и дека „не се загрижени за овие санкции“. Додик претходно во два наврати беше ставен на својата „црна листа“ од САД.

Слични содржини