Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утре на 2-ри август ќе се сретне и разговара со нашиот претседател, Стево Пендровски, објавија српските медиуми.
Вучиќ и Пендаровски пред средбата, како што е најавено, ќе го посетат манастирот Свети Прохор Пчињски.
На денот кога во 1903 година започна Илинденското востание, а во манастирот Свети Прохор Пчињски се одржа првото заседание на Антифашистичкото собрание на Народното ослободување на Македонија (АСНОМ) во 1941 година, Вучиќ ќе го прими претседателот Пендаровски во работна посета, истакнуваат медиумите од нашиот северен сосед.
Според најавата на веб-страницата на претседателот на Србија, предвидена е обиколка на црквата, средба на двајцата претседатели, по што ќе се обратат пред медиумите и насобраните.
На Илинден во 1903 година започна вооружениот отпор на Македонската револуционерна организација против османлиската власт, а во 1944 година во манастирот Свети Прохор Пчињски се одржа првото заседание на АСНОМ, кое ги постави темелите на современата македонска држава.
Вучиќ последен пат го посетил Прохор Пчињски во 2021 година, кога се одбележал јубилејот – 950 години од манастирот, пишуваат српските медиуми.