Сообраќен метеж утрово има на граничниот премин Богородица со соседна Грција.
Колози возила чекаат за влез во Грција. Од АМСМ информираат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
На граничните премини Богородица за излез и на Табановце времето на чекање за влез во Македонија е околу 30 минути, а на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините, пишува во соопштението на АМСМ.
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.