Кривична за три лица: Фабрика за канабис чувала сув цвет во најлонски ќеси без заштитни ленти

од Nikola Popovski
469 прегледи

Eдиницата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.И.(42) од Тетово, М.Б.С. од Канада и Д.К. од Албанија, поради постеоње основано сомнение дека сториле кривично дело по чл.95-в ст.2 и против правно лице од Скопје, по чл.95-в ст.1 од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни прекурсори.

При извршена контрола во правното лице на 19.07.2023 од страна на полициски службеници од МВР и овластени лица од Министерство за здравство-Комисија за оценување на исполнување на условите за простор, опрема и кадар за добивање на одобрение за одгледување на канабис за медицински цели, со локација на просторот и површината за одгледување на канабис во с.Корешница, Демир Капија, било утврдено дека пријавените, во сеф-собата во објектот за чување на опојни дроги, пријавената количина на обработен сув цвет од канабис не ја спакувале во картонски кутии и не ја запечатиле со заштитни ленти, туку ја спакувале во најлонски и алуминиумски ќеси, што е спротивно на чл.29-ѓ од наведениот Закон.

Тие, исто така, до Министерството за здравство не доставиле известувања за настанати промени, што е спротивно на чл.29-г од законот, како ни за бројот на собрани стебла и сува маса по завршената берба на канабисот, што е спротивно на чл.29-д од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни прекурсори.

Слични содржини