Белорусија уште пред почетокот на целосната руска агресија врз Украина служеше како тест полигон за руските воени сили, кои со благослов на белорускиот диктатор Александар Лукашенко се подготвуваа за напад врз суверена Украина. Нејзината територија и натаму пружа логистичка поддршка на руските вооружени сили при нападите врз Украина, а од неодамна таму почна да се преместува и дел од рускиот нуклеарен арсенал со кој Путин се заканува, не само на Украина, туку и на целиот демократски свет.
Откако Лукашенко посредуваше во разрешувањето на воениот пуч на силите на Вагнер и нивниот шеф, Пригожин по нивниот марш кон Москва, тој ги прифати Вагнеровците во кампови во Белорусија, каде тие вршат обука на белоруските специјални сили и шршат притисок на границата кон Полска.
Oд самиот почеток на руската агресија врз Украина, белорускиот режим активно партиципира во киднапирањето на деца од окупираните територии на Украина и нивно пренесување во Русија и Белорусија, каде тие се изложени на индоктринација и асимилација.
Она што рускиот претседател Владимир Путин го нарекува света причина за спасување на животот и здравјето, европските парламентарци го оценија како злосторство против човештвото и геноцид. Злосторство во кое е вклучен и белорускиот претседател Александар Лукашенко.
Коалицијата на белоруски истражувачки новинари со седиште во странство ги идентификуваше службениците кои соработуваат со руските власти во киднапирањата на деца од окупираните територии на Украина и нивното индоктринација.
Набргу по целосната инвазија на Русија врз Украина во февруари 2022 година, земјата почна насилно да ги депортира децата од окупираните територии, асимилирајќи ги во рускиот живот и создавајќи бариери за повторно обединување со нивните семејства. Според украинскиот проект Children of War, речиси 20.000 биле депортирани во Русија.
Целиот текст на следниот линк!