На граничниот премин „Богородица“ за излез од земјава се чека околу 15 до 30 минути до еден час, исто колку што и на граничниот премин „Табановце“ за влез во земјава, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.
Некои од граѓаните можеби сега почнуваат да го користат годишниот одмор, па оттаму чекањето и до еден час на овие гранични премини.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.