Се чистат сливниците и шахтите пред најавите за невреме во сабота

од Nikola Popovski
245 прегледи

Екипите на сектор Канализација при ЈП Водовод и канализација – Скопје, покрај редовните активности за одржување на канализационата мрежа, во согласност со податоците на УХМР и најавите за невреме во текот на утрешниот ден, спроведуваат и дополнителни активности за расчистување на сливниците и шахтите на критичните точки и сите подвозници во градот, со цел непрекината функционалност на атмосферската канализациона мрежа.

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје се подготвени за интервенции и навремени реакции и во текот на утрешниот ден, во согласност со условите и во зависност од интензитетот и количината на водениот талог, со цел задоволување на потребите на граѓаните и градот Скопје.

Ова невреме кај нас ќе пристигне во сабота попладне и во вечерните часови и на повеќе места ќе услови интензивен пороен дожд, силни грмежи, бурен ветер, како и појава на град , кој локално би можел да биде крупен.

За време на овој бран на врнежи и на невреме, локално ќе наврне значително количество на воден талог за релативно кратко време (над 25 л/м2). Постои опасност од локални поројни поплави

Слични содржини