СБУ: Русија подготвува напад на рафинерија во Белорусија за кој ќе ја обвини Украина

од Stefanija Kuzmanovska
472 прегледи

Украинската служба за безбедност СБУ денеска ја обвини Русија дека подготвува напад под „лажно знаме“ на нафтената рафинерија Мозир во Белорусија со цел да ги обвини украинските диверзанти и да се обиде да ја вовлече Белорусија во војната во Украина, пишува Sky News.

СБУ наведува дека оваа информација ја добила од повеќе извори, меѓу кои и заробен руски војник, и дека нападот го подготвува диверзантско-разузнавачка група составена од руски вооружени сили и членови на групата „Вагнер“.

Слични содржини