357
Мнозинството Американци се против Конгресот да одобри дополнителни финансиски средства за поддршка на Украина во војната со Русија, покажува анкетата спроведена од Си-Ен-Ен, која покажува дека поддршката за испраќање дополнителна помош кај американската јавност е намалена од почетокот на агресијата.
Според резултатите од истражувањето, 55 отсто од американските граѓани сметаат дека Конгресот на САД не треба да одобри дополнителни средства за поддршка на Украина, наспроти 45 отсто од оние кои велат дека Конгресот треба да одобри такво финансирање.
Повеќе од половина од Американците, 51 отсто, велат дека САД веќе направиле доволно за да и помогнат на Украина, додека 48 отсто велат дека треба да направат повеќе.