Арсовска тврди дека е рано да размислува за втор мандат: Нема логика да се размислува две години однапред

од Nikola Popovski
534 прегледи

Првиот човек на Град Скопје, Данела Арсовска тврди дека е рано да размислува дали ќе се кандидира повторно за да раководи со главниот град. Во интервју за Тв Канал 5, Арсовска порача дека е фокусирана на реализација на проектите што ги вети во кампањата за локалните избори во 2021 година.

Потенцира дека има уште две години од актуелниот мандат и смета дека нема логика да се размислува две години однапред за нешто во кое треба да се посветите, тоа што сте го ветиле да го реализирате.

Треба прво да им укажете на соодветно ниво успешност. Иако, морам да кажам дека без никаква поддршка од централна власт, со саботажи од опозицијата, со ова политикантство на нашите советници и на целата политичка сцена и овие непринципиелни коалиции на кои сме сведоци, јас сметам дека навистина сме можеби една од најдобрата градска администрација која има имплементирано најголем број проекти од програмата што е ветена пред граѓаните, изјавила градоначалничката.

 

Слични содржини