Голем пожар попладнево изби во близина на Дојран кон Николиќ. Поради ветрот постои опасност од негово брзо ширење.
Како што информираат од Центарот за уптавување со кризи, кон Дојран упатен е големиот хеликоптер на МВР со ведро под три тона.
Се додава и дека трет силен пожар избил кај село Сопотница, демирхисарско.
Поради опасност пожарот да навлезе во високо квалитетна шума упатен е Ер Трактор на Дирекцијата за заштита и спасување.