Американскиот министер за одбрана Лојд Остин денеска телефонски разговарал со полскиот колега Мариуш Блашчак за присуството на руската паравоена група „Вагнер“ на територијата на Белорусија, соопшти Пентагон.
Двете страни ветиле дека ќе продолжат внимателно да ја следат ситуацијата, се додава во соопштението.
Остин и Блашчак разговарале и за упадот на белоруски авиони во полскиот воздушен простор на 1 август.
Американскиот секретар за одбрана ѝ се заблагодарил на Полска за поддршката на Украина, а официјалните лица ја потврдиле важноста од континуираната безбедносна помош за украинскиот народ.