Активни девет пожари низ Македонија, четири од нив се поголеми

од Nikola Popovski
201 прегледи

На територијата на државава денеска до 15:50 часот регистрирани се 14 пожари на отворено, од кои активни се девет, информират од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Се додава дека четири од нив се поголеми.

– Активни се пожарите во општина Прилеп на улицата „Борка Стеваноски“ каде гори  ниска вегетација, во прилепското село Канатларци гори ниска вегетација, во општина Гази Баба, село Страчинци и село Брњарци гори шума, трева и грмушки, во општина Свети Николе, Кривчева Река гори ниска вегетација, во општина Дојран во близина на хотел „Дан Дар“ гори ниска вегетација, во општина Битола, Бал Бања во близина на Раштанец гори ниска шума, трева и грмушки, во општина Арачиново, селото Орланци над џамијата гори шума, во општина Демир Хисар, селото Сопотница гори сува трева, во општина Велес, селото Отовица гори ниска вегетација, информира ЦУК.

Оттаму посочуваат дека се изгаснати пет пожари, и тоа во селото Драгоево во општина Штип, во општина Куманово, кај место викано „Павлешевска чешма“, во општина Карбинци, во општина Охрид, село Ново Село каде горела пилана, а имало пожар и на депонија во охридското село Буково.

ЦУК соопшти дека во гаснењето на пожарите ангажирани биле два хеликоптера на МВР и тоа за големиот пожар во Свети Николе, а еден дополнително и сѐ уште е на гаснење на пожарот во селото Николиќ, општина Дојран.

-Авионот на ДЗС гаснеше, исто така, во Демирхисарско, а во моментот е пратен поради ширење на пожарното дејствие во Дојран, како поддршка на хеликоптерот на МВР и силите на терен во гаснењето, се додава во соопштението на ЦУК.

Слични содржини