666
Големото невреме кое синоќа и денеска ја зафати јужна Далмација, покрај обилните дождови донесе и една не толку вообичаена појава за ова поднебје.
Како што може да се види на видеото покрај Макарска, објавено од „Кликс.ба“, во морето се формирала т.н. „пијавица“.
Овој феномен траел неколку минути и бил видлив во правец на островот Хвар.
„Пијавицата“ знае со себе да повлече огромни количини вода.