Ново истражување: Цените на недвижностите ќе продолжат да растат ширум светот

од Nikola Popovski
344 прегледи

Иако се чини дека „нема понатаму“, се чини дека секогаш има повеќе: цените на недвижностите ќе ја продолжат својата нагорна траекторија.

Цените на недвижностите се очекува да скокнат, во просек, за 9% годишно во текот на следната деценија. Тие информации беа презентирани од економски експерти од водечки германски и швајцарски истражувачки институции, а извештајот беше објавен оваа недела.

Како што информира Тимо Вошнер, од институтот „Ifo“ „порастот на цените на недвижностите е повеќе поттикнат од факторите на побарувачката отколку од понудата“, што го потврдува и веста дека на Германија ѝ недостигаат дури 700.000 достапни станови.

Меѓутоа, ситуацијата во целиот свет нема да биде подеднакво алармантна, т.е. зголемувањето на цените ќе варира.

Очекуваните стапки на раст во Западна Европа се 6,4 проценти и во Северна Америка 7,7 проценти, што ги става овие делови од светот под просекот. Цените се и ќе бидат значително повисоки во Јужна и Источна Европа за 18,4, односно 14,9 проценти.

Цените во Јужна Азија се очекува да пораснат за 25,1 отсто, во Западна Азија за 22,4 отсто, а во Централна Америка за 24,4 отсто. Исто така, експертите предвидуваат пораст на цените на недвижностите од 8,4 отсто во Велика Британија, 7,2 отсто во Германија, 6 отсто во САД и 5,5 отсто во Франција.

Причините за тоа се, како што се наведува, повисокиот животен стандард и повисоките приходи, како и желбата за повеќе простор за живеење, како и зголемувањето на бројот на жители.

Дополнително, зголемената популарност на работата од дома придонесува за зголемување на цените, според истражувањето. Сепак, Вошнер вели дека „факторите од страната на понудата, како што се ограничениот производствен капацитет, повисоките цени за градежни материјали и недостатокот на градежно земјиште“, исто така играат улога во сè.

Треба да се истакне и дека во ова опсежно истражување учествувале вкупно 1.405 економски експерти од 133 земји, кое траело од 14 јуни до 2 јули.

Сепак, наведените бројки не се усогласени со инфлацијата, па реалните поскапувања веројатно ќе бидат помали, истакнуваат „Ifo“.

Слични содржини