Пациенти со кокаин, виски и вијагра – д-р Беќаровски споделува искуства од дежурствата на Токсикологија

од Nikola Popovski
624 прегледи

Ако злоупотребата на кокаинот е репер за влез во ЕУ, веќе две-три години сме таму, пишува доктор Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија, споделувајќи искуства за ноќните дежурства на Клиниката.

Тој објасни какви му се дежурствата во последната година.

Последните 12 месеци немам дежурство без вакви пациенти, најчесто околу 30 години, со црни џипови и секогаш со уште 5-6 испиени најскапи вискија, често зачинети и со вијагра. Грам кока зависно од квалитетот е меѓу едно обично и викенд дежурство на лекар. По секое дежурство патот кон дома ме води покрај децата кои питачат на крстосниците и нивните родители кои собираат пластика од контејнерите, објави Беќаровски на социјалните мрежи.

Слични содржини