ОМО Илинден – Пирин за „добрососедската политика“ на Бугарија: Софија успеа да деградира 4 народи, 3 земји и милиони граѓани од Македонија, Србија и Грција

од Nikola Popovski
311 прегледи

Забранетата македонска партија во Бугарија, ОМО Илинден -Пирин порача дека Бугарија за само 10 дена, успеала да деградираа и дискриминира 4 различни народи, 3 земји и милиони граѓани од Македонија, Србија и Грција. Преку неколку факти Македонците во Бугарија споделија како „добрососедската земја Бугарија гради добрососедски односи со балканските држави“.

„Уште нетргнати се заканија дека ќе палат знамиња на Албанија и Македонија. При пристигнувањето беше предизвикан инцидент со локалното албанско население во Скопје, при што беше прободен еден бугарски граѓанин, за потоа инцидентите да ги префрлат на стадион во судир со македонската полиција, која уапси 19 бугарски навивачи. За извиците од трибините како им посакуваат смрт на Албанците, дека Македонија е бугарска земја и слична реторика, да не ни споменуваме“, пишува ОМО „Илинден“ – ПИРИН.

ОМО Илинден – Пирин се осврна и на инцидентот во грчка Кавала, кога бугарски државјанин го поставил бугарското знаме на пристаништето на градот.

Генерации растени со лаги и фабрикувана историја многу лесно се манипулираат. Па така пред неколку дена во градот Кавала, 35-годишен бугарин го одстранил грчкото знаме од јарбол и поставил бугарско извикувајќи “Тоа е Бугарија!” Полицијата соопштила дека сторителот и е познат и од претходни прекршоци и истиот бил однесен на распит во Драма, стои меѓу другото во објавата на забранетата македонска партија.

 

Слични содржини