Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска изјави дека не е „уплашено кученце“, како одговор на забелешката на поранешната претседателка на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, која ја опиша како „зла вештерка“.
Пелоси рече дека кога го гледала Трамп како доаѓа на суд во Вашингтон минатата недела за да биде официјално обвинет по повеќе точки и да се изјасни за невин, како да видела „исплашено кученце“, пишува Тајмс.
Трамп нејзината изјава ја нарече „прилично злобна“ на неговата социјална мрежа „Truth“.
„Не се исплашив. Таа е болен и дементиран психопат кој еден ден ќе гори во пеколот“, напиша Трамп.
Тој се осврна и на судијката доделена во неговиот случај, Тања Чуткан, за која напиша дека поради неа не може да има фер судење.
Сите го знаат тоа, а и таа, објави Трамп.
Адвокатот на Трамп, Џон Лауро, информира дека неговиот тим ќе поднесе различни барања за отфрлање на обвиненијата, вклучително и отстранување на судијата, промена на местото на судење и целосно отфрлање на случајот, во третото кривично судење против Трамп оваа година.