Бројот на загинати во невремето што ја зафати Словенија се искачи на шест лица. Некои области сè уште се поплавени, многу патишта сè уште се затворени, а надлежните служби предупредуваат дека со повлекување на водата, ризикот од свлечишта во тие области ќе се зголемува, објавија словенечките медиуми.
Пожарникарите интервенираа претходната ноќ за отстранување на последиците од поплавите во 57 случаи, најмногу во Помурје и Корушка.
Во некои населени места веќе се појавија одрони, најмногу во Корушката и Савињската долина.
Геолошкиот завод на Словенија го предупреди населението во загрозените подрачја на внимателност поради водите, новите пукнатини на патиштата и појавата на нови одрони.
Во отстранувањето на последиците од поплавите помага и армијата, а делови од земјата сè уште немаат струја.