Криминалитетот во 2023 намален за 12,9% – тврди Спасовски

од Nikola Popovski
200 прегледи

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски утрово информира дека во првите шест месеци од 2023 година, полицијата бележи намалување на криминалитетот за 12.9% за разлика од истиот период лани.

Според неговите зборови, безбедносната состојба е генерално стабилна на целата територија, без регистрирани инциденти од поширок размер, при што стапката на вкупниот криминалитет изнесува 536 пресметано на 100.000 жители и истата е намалена во споредба со истиот период од минатата година кога изнесуваше 615,4.

Спасовски истакна и дека во извештајниот период регистрирани се 9.844 кривични дела, кои се намалени за 12,9% во однос на лани кога беа регистрирани 11.304 кривични дела.

Слични содржини