Партнерот на холивудската актерка Сандра Булок почина викендов на 57-годишна возраст.
Сестрата на Сандра Булок, Гесин Булок Прадо, се прости од долгогодишно момче на својата сестра, фотографот Брајан Реналдо, кој почина по тригодишна борба со амиотрофична латерална склероза.
АЛС е невролошка болест која предизвикува оштетување на нервните клетки и прекин на нервните импулси на мускулите, пишува „Телеграф“.
Гесин со емотивна порака се прости од Брајан и наведе дека нејзината сестра била со партнерот до последниот момент.
„Уверена сум дека Брајан го најде најдоброто место за риболов на небото. АЛС е сурова болест, но има барем малку утеха во сознанието дека тој ги имаше најдобрите луѓе кои се грижеа за него, сестра ми и групата медицински професионалци кои таа ги собра за да ѝ помогнат да се грижи за него во нивниот дом. Почивај во мир Брајан“, напиша сестрата на Сандра Булок.
Да потсетиме, семејството на Брајан објави соопштение дека Брајан ја изгубил битката со болеста, која ја криел од јавноста.
„Со голема тага ве известуваме дека на 5 август, Брајан Рандал мирно почина по тригодишна битка со АЛС. Брајан избра да ја задржи својата битка со оваа тешка болест за себе, а ние што се грижевме за него дадовме се од себе да го исполниме неговото барање“, пренесе People.