407
Хрватски навивачи кои учестувале во жестоката тепачка во Атина со фанови на АЕК и на Панатинаикос, денеска се обиделе да избегаат во Македонија. Едно комбе со седуммина навивачи е сопрено на Евзони, грчко-македонскиот премин.
Грчките медиуми известуваат дека комбе со седум хрватски државјани било застанато на Евзони. Во комбето биле пронајдени палки и ножеви, а тие веројатно сакале преку Македонија да се упатат кон својата држава. Веднаш биле уапсени, а се очекува да бидат однесени на распит во Солун, со што ќе се зголеми официјалната бројка од 98 лица уапсени досега.
На неколку други премини исто така се приведени хрватски навивачи кои саакале да побегнат од Грција.
Едно 19-годишно момче е фатено на преминот Какавија, од Грција кон Албанија.