Вучиќ: Ако Украина го признае Косово, го губи својот адут

од Stefanija Kuzmanovska
413 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека доколку Украина ја признае независноста на Косово во еден ден, „ќе изгуби се што имала во свои раце“.

Тој изјави дека Украина за еден ден ќе го загуби целосниот политички кредибилитет.

„Потоа, како може Украина да каже дека се придржува до меѓународното јавно право. Убеден сум дека Зеленски нема да го фрли тој адут“, рече Вучиќ.

Украина е под руска агресија од февруари 2022 година. Во 2014 година Русија го анектира украинскиот полуостров Крим.

Вучиќ додаде дека Украина е пријателска земја на Србија и дека нема никакви проблеми во односите со таа земја.

Вучиќ ова го изјави на прес-конференција на 8 август со премиерката Ана Брнабиќ, одговарајќи на прашање за писмо од парламентарци од земјите на Европската унија и од САД кои бараат построги мерки против Србија.

На 7 август десетици политичари од Европа и од САД испратија писмо до високи функционери на Европската Унија и Вашингтон, барајќи промена на пристапот во однос на Косово и Србија.

Србија не ја признава независноста на Косово, но под покровителство на Европската унија преговара со Приштина за нормализација на односите.

Вучиќ изјави дека писмото на европските и американските парламентарци не е против него туку против Србија.

„Горд сум кога ќе ме нападнат Алиша Кернс (британска пратеничка), Боб Мененедез (американски сенатор), но горд сум и кога гледам дека таму нема имиња што ги имало претходно“, рече Вучиќ.

Британската пратеничка Алиша Кернс објави писмо адресирано до американскиот државен секретар Ентони Блинкен, министерот за надворешни работи на ЕУ Жозеп Боел и британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли.

Таа рече дека ова писмо го потпишале десет претседатели на комисијата за надворешни работи и 56 заменици.

Според Алиша Кернс, еден од потписниците на писмото е украинскиот парламентарец и претседател на Комисијата за надворешни работи Олександр Мережко.

Слични содржини