Ќучук: С.Македонија ризикува да биде одвоена од Албанија на патот кон ЕУ

од Nikola Popovski
329 прегледи

Без спроведување на потребните реформи, Република Северна Македонија не може реално да ги започне преговорите за влез во ЕУ и ризикува да се одвои од Албанија. Вака смета бугарскиот европратеник и известувач во Европскиот парламент за Северна Македонија, Илхан Ќучук.

Според него, „без промена на Уставот, Република Северна Македонија не може да започне да преговара со ЕУ“.

Ќучук во интервју за „БГНЕС“ предупредил дека доколку нашата земја не ги направи овие промени во блиска иднина, ќе се одвои од пакетот со Албанија на патот кон ЕУ.

Така, Северна Македонија ќе остане во една група со Србија, Косово, Босна и Херцеговина – земји со сериозни проблеми со своите соседи. Од друга страна, тука е и геополитичкиот предизвик, заедно со можноста Украина да почне да преговара со ЕУ. Таа е земја која доби статус на кандидат за членка. Изборот е многу јасен – дали Република Северна Македонија сака да продолжи по својот пат, со реформирање на јавно-социјалните односи или ќе се приклучи на друга група која нема јасна патоказ во ЕУ, смета Ќучук, нагласувајќи дека одлуката е целосно во рацете на македонските политичари.

Европратеникот смета во македонскиот парламент нема единство околу целта за влез во ЕУ, туку се игра со стравовите на македонското општество.

Никој не поставува дополнителни услови (на Скопје). Ова се условите и двете страни се договорија – Бугарија и Република Северна Македонија. Тие ги изгласаа овие услови во бугарското, односно во македонското народно собрание и тоа мора да се исполни, дециден е Ќучук.

Слични содржини