ЕВН влезе во Слупчане и почна да работи, од селото велат дека 60% од мештаните плаќаат струја

од Nikola Popovski
477 прегледи

Екипите на ЕВН веќе почнале со работа во липковското село Слупчане, каде што треба да се реконструира диструбутивната мрежа која што не е допрена од конфликтот во 2001 година. Слупчанци се договориле со претставниците на ЕВН, корисниците на социјална парична помош да ги плаќаат заостанатите сметки на рати.

Во однос на договорот со жителите од Слупчане од ЕВН велат дека законите кои важат за сите корисници ќе продолжат да важат и понатаму.

За дел од барањата што ги имаа претходно околу плаќање на 3000 денари без разлика на потрошувачката, мештаните на селото велат тоа биле нелогични барања.

Ќе се плаќа колку се троши и не сакаме да бидеме црна точка како што не претставуваа. Во Слупчане има над 60 проценти жители кои плаќаат сметки, изјавил претседателот на советот на општина Липково, Зекрија Шаини.

По неколкудневните блокади на жителите на Слупчане во два наврати на почетокот и крајот на јули, компанијата и жителите склучија договор на 27 јули годинава.

Претходно слупчанци повторно ги попречуваа екипите на ЕВН во нивната работа, поставувајќи нови блокади во селото. Се соочиле со вербални и физички закани од мештаните, а на терен била присутна и полицијата.

Жителите на Слупчане имаа 13 барања кои ЕВН ги достави до медиумите, во кои, тие бараат да им се простат досегашни долгови кои, како што наведуваат од компанијата изнесуваат по неколку илјади евра, да добијат бесплатни нови приклучоци, без разлика колку ќе потрошат во иднина да не им се фактурира повеќе од 3.000 денари, верските објекти да бидат ослободени од плаќање и слични други барања, кои додаваат од ЕВН, се спротивни на законските регулативи.

Според ЕВН, вкупните годишни загуби поради кражби во село Слупчане изнесуваат над милион евра. 80 отсто од годишната потрошена енергија се краде, а само третина од 20% фактурираната енергија се наплаќа.

Слични содржини