Тешка сообраќајка кај Росоман: Загинале две лица

од Nikola Popovski
849 прегледи

Две лица загинале, а тројца се тешко повредени во сообраќајна несреќа кај Росоман. Според првичните информации, дошло до верижен судар на четири возила. Сообраќајот е во прекин, а до несреќата дошло во 6.40 часот.

Итната медицинска помош веднаш замина на лице место по дојавата за сообраќајка кај Росоман, со три екипи. Вклучени се и вработени што не беа на смена ама беа спремни да помогнат во секој момент, изјавил за МИА, Ратко Грков, раководител на Службата за брза помош во Кавадарци.

Смртта кај двете лица била констатирана на лице место.

Од полиција повеќе детали најавуваат за подоцна. На терен интервенира и Територијалната противпожарна единица на Кавадарци со две возила и шест пожарникари.

Слични содржини