Јавен обвинител нареди да се испита присуство на алкохол кај учесниците во несреќата кај Росоман

од Stefanija Kuzmanovska
284 прегледи

Јавен обвинител нареди технички преглед на возилата во сообраќајката кај Росоман, како и испитување присуство на алкохол кај учесниците во несреќата, во која две лица загинаа, а три се потешко повредени. За ова попладнево информираа од Обвинителството.

„Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на местото на тешката сообраќајна несреќа кај Росоман, во која две лица го загубија животот на лице место, а уште три лица со тешки телесни повреди и во животна опасност се префрлени на лекување во Скопје“, наведоа од Обвинителството.

Во насока на утврдување на причините за несреќата, јавниот обвинител издал наредба за фотографирање, скицирање и снимање на местото на несреќата.

Сообраќајката се случила утрово на патот Градско – Прилеп, кај Росоман.

Слични содржини