Возачите во Македонија ги очекуваат повремено зголемен сообраќај на автопатите и граничните премини поради крајот на работната недела. Гужвите на македонско-грчката граница, односно преминот „Богородица“ станаа постојана слика за време на викендите. Според АМСМ денеска се чека околу 40 минути за да се помине границата.
На ГП Табановце се бележи исто така зголемена фреквенција на возила и времето на чекање за влез и излез од државата е околу 30 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.