Бајден: Кина е темпирана бомба

од Nikola Popovski
294 прегледи

Американскиот претседател Џо Бајден ја нарече Кина „темпирана бомба“ поради економските предизвици со кои се соочува земјата.

Имаат некои проблеми. Тоа не е добро, бидејќи кога лошите момци имаат проблеми, тие прават лоши работи, рекол Бајден на политички митинг во државата Јута, пренесе Ројтерс.

Тој додал дека Пекинг е во неволја, истакнувајќи дека не сака да ѝ наштети на Кина, туку дека сака рационален однос со таа земја.

Неговите изјави се однесуваат на падот на кинеската економија во дефлација, наведува британската агенција, додавајќи дека Кина можеби влегува во ера на многу побавен економски раст, со стагнирачки потрошувачки цени и плати.

Американскиот претседател во средата потпиша извршна наредба со која се забрануваат одредени американски инвестиции во Кина во секторот на полупроводници и микроелектроника, секторот за квантна информатичка технологија и одредени системи за вештачка интелигенција.

Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека одлуката на САД сериозно ги нарушува принципите на пазарна економија и фер конкуренција.

Ова е чин што го поткопува меѓународниот економски и трговски поредок, ги дестабилизира глобалните синџири на снабдување и им штети на интересите и на Кина и на САД и на глобалната деловна заедница, се вели во соопштението на кинеското Министерство.

Слични содржини