(ВИДЕО)Монструмот од БиХ повторно се вклучи во живо на Инстаграм, се закани дека ќе продолжи да убива

од Nikola Popovski
2,1K прегледи

Бодибилдерот Нермин Сулејмановиќ, кој е осомничен дека ја убил сопругата додека пренесувал се во живо на Инстаграм, штотуку им се обратил на своите следбеници во живо додека полицијата трага по него.

Признал дека при бегството убил уште две лица, татко и син, бидејќи му биле на патот, а како што рекол бебето е на сигурни.

Пукав во полицаецот но тој побегна од мене, не можев да го фатам. Бебето е на безбедно. Предупредив за ова, никој не го сфати сериозно. Не сум будала некој да го крие детето од мене и да ме пријавува во полиција. Сакав само семејство, сега ќе биде бебе без двајцата родители, изјавил тој за време на директен пренос на Инстаграм.

Во еден момент ги замолил своите следбеници да му кажат колку луѓе всушност убил, бидејќи е сигурен за жената и уште двајца, но не е сигурен за полицаецот.

Ова не се мои први убиства, но луѓето не ме сфаќаат сериозно. Не зборувам многу, но овој пат ги предупредив сите по ред дека ќе дојде до ова. Осум дена го криеше моето дете, рекол бодибилдерот, а се претпоставува дека се мисли на неговата сопруга.

Пред да оди во живо, тој им рекол на следбениците: „Имам повеќе луѓе да убивам, само да дополнам!“

Од видеото може да се види дека има крв на себе, за која вели дека не е негова.

Потерата по него е во тек, а специјалците се на терен. Осомничениот бил член на нарко-банда.

Босанската полиција апелира до граѓаните да се засолнат и да не излегуваат на улица бидејќи осомничениот се уште е во бегство.

Слични содржини