573
Министерството за надворешни работи на Русија најави одмазда поради украинскиот „терористички напад“ на Кримскиот мост, кој „ги загрози животите на невините цивили“.
„Не може да има оправдување за ваквите варварски дејствија, на кои ќе биде одговорено“, изјави портпаролката на министерството за надворешни работи Марија Захарова, пренесува „Ројтерс“.
Министерството за одбрана во Москва соопшти дека руските сили спречиле напад на мостот меѓу Крим и Русија долг 19 километри.