Уапсени 40-тина лица кои го поддржале монструмот од БиХ во крвавиот поход

од Stefanija Kuzmanovska
442 прегледи

По бруталните убиства во Градачац досега се уапсени 40-тина лица кои го поддржувале монструмот Нермин Сулејмановиќ, кој ја уби својата невенчана сопруга Невзета Хеќимовиќ и Џенгиз и Денис Ондер, татко и син, кои се турски државјани, објави „Дневни Аваз“.

Досега се уапсени околу 40 лица кои по директниот пренос на Инстаграм го поддржале убиецот. Ранети се полицаецот Хусеин Коториќ и граѓанинот Недим Памуковиќ, како и Хариса Ондер, сопругата на Џенгиз Ондер. Според последните информации, Хариса Ондер е во тешка состојба.

Сулејмановиќ во живо го пренесуваше бруталното убиство на својата невенчана сопруга. Уште пострашно беше што многу луѓе го поддржаа во крвавиот поход.

Како што изјави Рамо Исак, министер за внатрешни работи на Федерацијата Босна и Херцеговина, се спроведуваат активности за евидентирање на физички лица.

Слични содржини