Курти: Имаме добри односи со Рама, но тоа не значи дека не се критикуваме

од Stefanija Kuzmanovska
525 прегледи

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека со неговиот албански колега Еди Рама има коректни и добри односи, но дека тоа не значи дека не можат да се критикуваат, бидејќи „критиката е дел од демократијата”.

„Имаме коректни, добри односи. Станува збор за институционални одговорности кои ги имаме, но и политички и национални, но тоа не значи дека не се критикуваме или дека никогаш немаме несогласувања за ништо. Сметам дека критиката е дел од демократијата и таа треба да биде конструктивна“, изјави Курти за тетовската локална телевизија „Коха“, јави агенцијата Балканвеб.

Курти го спомена и откажувањето на седницата на двете влади од страна на премиерот Рама.

„Штета што на 14 јуни во Ѓаковица не се одржа седницата на двете влади, која беше подготвувана со месеци, но не ја откажавме ние, напротив, ги направивме сите подготовки. Добро е што не треба да се чека наредна средба за потпишување на тие договори, што конечно, покрај Приштина, ги потпиша и официјална Тирана“, рече Курти.

Слични содржини