Во Скопје 173 сообраќајни казни – се вози брзо, без дозвола, под дејство на алкохол…

од Vladimir Zorba
175 прегледи

На територија на Град Скопје вчера во спроведените сообраќани контроли изречени се вкупно 173 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 46 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, 18 мерки за возење под дејство на алкохол.

Од МВР денеска информираа дека се изречени шест мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за некористење сигурносен појас, четири мерки за минување на затворен сигнал(црвено светло)…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најавија од МВР и апелираат до граѓаните да се почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Слични содржини