236
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека чистењето на украинската земја од руски мини треба да трае со години, а не со децении.
Зеленски во видео порака рече дека за деминирање потребна е опрема од партнерите, но и дека е многу важно да се создаде производствена база во Украина, пренесува Интерфакс Украина.
„Нашите експерти секојдневно откриваат стотици експлозивни предмети. Колку повеќе возила и специјални дронови за расчистување мини имаме, толку поактивно ќе можеме да ја вратиме безбедноста“, истакна Зеленски.
Тој изјави дека во моментов 174.000 квадратни километри од Украина се потенцијално опасни поради неексплодираните мини.