258
Јапонија и САД најавија дека следната недела ќе постигнат договор за заеднички развој на систем за спротивставување на хиперсонични ракети развиени од Кина, Русија и Северна Кореја, објави денеска јапонскиот весник Јомиури.
Потпишувањето на договор за заеднички проект за нов систем за противвоздушна одбрана дизајниран за одбрана од балистички ракети се очекува кога американскиот претседател Џозеф Бајден ќе се сретне со јапонскиот премиер Фуми Кишида во петок во САД, пренесува Ројтерс.
За разлика од класичните балистички ракети, кои летаат кон нивните цели во предвидливи траектории, хиперсоничните проектили можат да го променат курсот на летање, што ја отежнува работата на системите за противвоздушна одбрана.