„Добредојдовте во Албанија“: Касами објави спот од посетата на Курти (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
468 прегледи

Приватната посета на косовскиот премиер Албин Курти во Тетово, градоначаникот Билал Касами ја искористи за спот кој почнува со зборовите од песната „Добредојдовте во Албанија“.

На настанот кој го организираше општината Тетово немаше државно знаме, ниту беше интонирана македонската химна, туку се вееше знаме на „Голема Албанија“, а надлежните органи најавија дека ќе покренат соодветна постапки.

„Истакнувањето на провокативна националистичка иконографија што промовира великодржавни шовинистички идеи претставува разгорување на етничка омраза и нетрпеливост со што недвосмислено се напаѓаат основните принципи и вредности на Рамковниот договор како и концептот на Македонија како мултиетничка држава“, изјави денеска претседателот Стево Пендаровски во врска со овој настан и додаде:

 

„Организаторите на јавните собири во Тетово и во Чаир мора да бидат законски санкционирани за кршењето на законските одредби во однос на употребата на државното знаме и химна и знамињата и симболите на заедниците, со целосно игнорирање на симболите на државата. Во таа насока ги повикувам надлежните органи во најкус можен рок да ги завршат пропишаните постапки“.

Слични содржини