Руската противвоздушна одбрана денеска собори најмалку четири украински беспилотни летала над западните региони на Русија, соопшти министерството за одбрана на Москва, пренесе Хина.
„Соборени се три беспилотни летала над Белгород, а еден над Курск“, наведе руското министерство.
Во сите инциденти нема информации за жртви или евентуални штети, додава министерството.
Нападите со беспилотни летала на територијата на Русија се интензивираа откако на почетокот на мај еден дрон беше уништен над Кремљ.
Цивилните области на главниот град, исто така, во мај беа погодени со дронови, а деловната област во Москва во август два пати во три дена беше цел на вакви напади.
Украина ниту еднаш не коментираше кој стои зад нападите на руска територија, но нејзини претставници јавно изразуваат задоволство од таквите успеси.
Американскиот весник „Њујорк тајмс“ во мај објави дека американските разузнавачки агенции веруваат дека украинските разузнавачки служби стојат зад нападот со беспилотно летало врз Кремљ.