314
Актерката Ајша Тајлер се појави во серијата „Пријатели“ во 2003 година.
Во таа прилика таа ја глумеше Чарли Вилер, многу образована девојка која беше во врска со Рос.
Ајша беше првата жена со црна боја на кожа која доби улога во оваа серија, а вели дека и денес ја препознаваат по неа.
„Тоа беше огромно шоу. Светски хит. Луѓето сè уште ми викаат Чарли, или само велат ‘Таа црната девојка од Пријатели’“, изјави таа за Entertainment Tonight.
Актерката исто така истакна дека сè уште одлично ги знае репликите на главните ликови на „Пријатели“ и со задоволство ги цитира.
Покрај „Пријатели“, Ајша Тајлер глумеше и во продукции како „Неш бриџис“, „Лоша терапија“, „ЦСИ: Мајами“, „Злосторнички умови“ и други.