Откриено во каков однос биле монструмот Нермин и полицајката Џенана

од Stefanija Kuzmanovska
944 прегледи

Тројниот убиец Нермин Сулејамновиќ, според неофицијални информации на „Аваз“, бил во врска со полицајка која наводно му ја открила локацијата каде се криеле неговата невенчана сопруга и бебето!

Канцеларијата на главниот обвинител и раководството на полициското одделение на министерството за внатрешни работи денеска одржале итен состанок на кој се разговарало за постапувањето на институциите во врска со пријавеното кривично дело семејно насилство во врска со случајот на Низама Хеќимовиќ, која беше убиена од Сулејмановиќ во директен пренос на Инстаграм.

Локалните медиуми јавуваат дека се утврдува кој од полицајците му пријавил на Сулејмановиќ каде се наоѓа Низама која се криела кај нејзината тетка и каква улога во целата приказна има полицајката Џенана С.

„Аваз“ наведува дека шпекулациите дефинитивно се потврдени и дека тројниот убиец Сулејмановиќ бил во врска со полицајката која е осомничена дека му дала информации од истрагата и наводно му ја дала локацијата каде се кријат Низама и нејзината ќерка.

На Џенана, која е надвор од границите на Босна и Херцеговина, односно на одмор во Италија, сега ѝ се заканува суспензија и дисциплинска постапка бидејќи била во врска со криминално лице. Се чека нејзиното сослушување.

Сулејмановиќ бил осуден за разни кривични дела, меѓу другото, монструмот бил осуден пред околу 15 години за обид за убиство, а тоа сигурно го знаела Џенана.

„Има повеќе пресуди за насилничко однесување и загрозување на безбедноста, имал пријави за семејно насилство, се работи за лице со повеќекратни пресуди“, соопштија претходно од тамошното Обвинителство.

Џенана С. била во врска со него, но сега се истражува нејзината улога во овој случај.

Семејството уште од првиот ден тврдеше дека Џенана, која ја познавала Низама, го известила монструмот за локацијата.

Според информации, полицијата и Обвинителството истражуваат уште еден полицаец кој исто така имал контакти со Сулејмановиќ.

Нермин Сулејмановиќ, да потсетиме, по сопругата ги уби таткото и синот на Џенгис и Денис Ондер, кои од порано ги познавал и со кои бил во судски спор. Во таа прилика тешко ја ранил мајката на Денис, а потоа и полицаецот кој се обидел да го совлада.

Низама беше погребана денеска на гробиштата до локалната џамија во Мионица кај Градачац.

Слични содржини