На „Богородица“ повеќе колони и околу 45 минути чекање

од Nikola Popovski
194 прегледи

На почетокот од неделава, евидентирано е подолго задржување единствено на граничниот премин Богородица за влез во Грција. Утрово граничниот премин беше преплавен од автомобили. Според информациите на терен се чека околу 45 минути за влез кај нашиот јужен сосед.

На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Слични содржини