Северина поради специфичен режим на исхрана ослабела седум килограми

од Stefanija Kuzmanovska
410 прегледи

Иако е позната по својата витка линија која ја одржува со години, популарната пејачка Северина во една фаза од животот имала неколку килограми вишок.

Северина Вучковиќ сега има 56 килограми, а порано имала 63.

Таа успеала да ослабе седум килограми со помош на посебен режим на исхрана и тренинг.

„Не одам често во теретана, бидејќи верувам дека понекогаш телото треба да се одмори. Доволно ми е да правам вежби еднаш неделно, а кога се подготвувам за турнеја тренирам три-четири пати. На сите жени би им препорачала да прават по 100 чучњеви дневно за совршен задник и модната писта е нивна“, изјави Северина.

 

Освен што тренира, Северина внимава што јаде.

„Сакам да јадам многу, па се дебелеам, но потоа не се чувствувам добро и немам доволно енергија. Кога се здебелив седум килограми, ја поправив исхраната. Решив да имам пет помали оброци, но и да пешачам барем по половина час дневно“, рекла Северина, пренесува „Глоси“, додавајќи:

 

„Се трудам да не внесувам токсини во телото и се чини дека сум на добар пат целосно да ги исфрлам од исхраната. Бидејќи сакам овошје и зеленчук, во последно време само тоа и јадам. Штом станам пијам смути, во кое ставам моркови, цвекло, малини, јагоди, боровинки, капини и бадемово млеко. Понекогаш фрлам малку банана за да биде погусто. Тој оброк навистина ме заситува, па не сум гладна до ручек“.

Слични содржини