Актер од серијата „Game of Thrones“ почина на 36-годишна возраст

од Stefanija Kuzmanovska
385 прегледи

Дарен Кент почина на 36-годишна возраст по долго и тешко боледување.

Последните неколку недели се бореше со тешка болест, а во изминатите седум дена неговата здравствена состојба нагло се влошила.

Почина опкружен со семејството и пријателите, пишува DailyMail.

Се прослави со улогите во серијата „Игра на тронови“ и филмот „Снежана и ловецот“.

Тој ја доби наградата за најдобар актер „Van D’or Awards“ за остварувањето „Sunnyboy“, каде работеше и како режисер.

Уште на почетокот на кариерата, Кент се соочи со сериозни здравствени проблеми. Тој се бореше со остеопороза, артритис и исклучително ретка болест на кожата.

Слични содржини