680
Ако Украина се согласи да се откаже од спорните територии заради влез во НАТО, ќе мора да се откаже дури и од Киев, изјави денеска заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.
Тој така ги коментираше изјавите на директорот на приватната канцеларија на генералниот секретар на НАТО, Стјан Јенсен, дека Украина може да стане членка на Алијансата во случај на територијални отстапки кон Русија.
„Зошто е интересна таа идеја? Во прашање е само дека сите нивни територии се многу спорни. За да влезат во НАТО блокот, властите во Киев би морале да се откажат дури и од самиот Киев, главниот град на Древна Русија“, напиша Медведев на Телеграм.