280
Американското министерство за финансии денеска соопшти дека вовело санкции против три компании кои наводно се вклучени во договори за продажба на оружје меѓу Северна Кореја и Русија.
Станува збор за компаниите Verus, Defense Engineering и Versor S.R.O, се вели во соопштението на Канцеларијата за контрола на странски средства на министерството за финансии на САД (OFAC).
Се додава дека оваа акција е дел од континуираната стратегија на Вашингтон за „идентификување, разоткривање и попречување на актери од трети земји кои сакаат да ја поддржат руската брутална војна против Украина“.