Бројот на загинати во пожарите во Мауи се искачи на 111, околу илјада лица се водат како исчезнати

од Stefanija Kuzmanovska
303 прегледи

Најмалку 111 лица, меѓу кои и деца, загинаа во минатонеделните катастрофални шумски пожари што го зафатија хавајскиот остров Мауи.

Началникот на полицијата во Мауи, Џон Пелетиер, денеска изјави дека се очекува бројот на жртвите да се зголеми, а поголемиот дел од опожарената област допрва треба да се пребарува.

„Никој досега не видел вакво нешто, ниту во овој обем, ниту во ваква бројка, а сè уште не сме готови“, изјави Пелетиер за Си-Ен-Ен.

Слични содржини