Повторно „реки“ од возила на „Богородица“: Во неколку колони се чека влез во Грција

од Nikola Popovski
424 прегледи

Традиционално доаѓа викенд и голем број македонски граѓани ќе го искористат да уживаат покрај море во соседна Грција. Метеж на граничниот премин „Богородица“ имаше уште вчера, но и утрово.

Во моментов од она што може да се забележи на камерите на ГП „Богородица“, има колони возила на три ленти и очигледно дека се чека некое време за излез од државата. Засега од АМСМ нема официјална информација колку е времето на чекање.

На останатите гранични премини нема поголеми задржувања. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Слични содржини