Канаѓанка осудена на 22 години затвор оти му испратила на Трамп од отровот рицин

од Nikola Popovski
155 прегледи

Канаѓанката Паскал Фериер е осудена на 22 години затвор откако се изјаснила за виновна за обвинението за испраќање писма со отровот рицин, меѓу другите и до поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Би-Би-Си јавува дека ковертот со отров адресиран до Трамп бил пресретнат во септември 2020 година, додека тој сè уште бил претседател, а Фериер пред судот изјавила дека и е жал што нејзиниот план не успеал и „што не можела да го спречи Трамп“.

Дополнително, Фериер рекла дека себеси не се гледа како терорист, туку како активист.

Во писмото, на кое ФБИ ги најде нејзините отпечатоци, Фериер барала од Трамп да се откаже од претседателската трка и додала дека „нашла ново име“ за него, „грдиот кловн тиранин“.

Таа признала дека сама го направила отровот во нејзиниот дом во Квебек и дека го ставила во писмо.

Според американскиот Центар за контрола и превенција на болести, не постои познат противотров за рицин, кој, во зависност од дозата, може да предизвика смрт во рок од 6 и 72 часа.

Фото: AP/Hidalgo County (Texas) Sheriff’s Office