Ковачевски од Собранието: Лажни се тезите дека постои диктат, ЕУ ќе овозможи подобар стандард и живот

од Nikola Popovski
356 прегледи

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски денеска од Собранието порача дека денеска за него и огромен дел од граѓаните не е променето ништо од заложбите за влез во ЕУ, уште од независноста во 1991 година. Ова го кажа на почетокот на пленарната седница на расправата за уставни измени и внесувањето на делови од народите во Преамбулата.

Нашето сврзно ткиво и да се промениме на подобро. Тоа заедно со членството во НАТО е држава што не прави со цел и кохезија. Преку нас сите денес, знаат за државата надвор. Тоа што сме денес, е длабоко вкоренето на Крушевската република и првиот устав на државата во 1991, рече Ковачевски од собраниската говорница.

Предлогот е наш македонски и базиран на европскиот предлог од 2022 година, посочи Ковачевски. Тој додаде дека бил напишан во Скопје и дебатиран токму во Собранието и ги отфрли лажните тези дека постои диктат за било кого и било што.

Со освојувањето на предлогот, донесовме одлука да не стоиме во место, туку да чекориме во полноправно членство во ЕУ и да влеземе до 2030 година. Ова е наш предлог со поддршка од ЕУ и САД. За само една година, поддршката за нас драстично се зголеми, кажа претседателот на Владата.

Дециден е дека не може да се загрози идентитетот на македонскиот народ.

Ова не може да биде проблемот за македонскиот народ и држава. Секој разумен човек знае и гледа дека овој предлог не може да се одрази врз него. Не се задира на било кое македонско идентитетско прашање и тоа е јасно на сите во државата. Граѓаните чекаат одлука за својата европска одлука. Предлогот го продолжува патот кон целосна интеграција на С. Македонија во ЕУ, подвлече премиерот.

Заради нас самите, мораме да бидеме европска држава. Знам дека патот не е лесен и краток, тврди Ковачевски во своето обраќање. Според него, токму ЕУ ќе им овозможи подобар стандард, живот и работните места на граѓаните.

Претходно со 70 гласови „за“ беше усвоен дневниот ред за седницата, на која се предвидува да се расправа и гласа за отворање на Уставот. 47 пратеници гласаа против, а немаше ниту еден воздржан.

Слични содржини