180
Полициски службеници вчера во Битола го лишиле од слобода 39-годишниот битолчанец П.К.откако во неговиот дом пронашле оружје и муниција.
-На 18.08.2023 во 14.30 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода П.К.(39) од Битола. При претрес во неговиот дом во с. Олевени, битолско, биле пронајдени и одземени една ловечка пушка „ЦЗ“, една воздушна пушка, 65 ловечки патрони, куршуми различен калибар, рамка за пиштол и други предмети, соопштуваат од МВР.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава.